„Арбереша Круезиу-Хусеини и Фиторе Пацоли, пратенички во косовскиот парламент од редовите на владејачката косовска партија Ветвендосје (Самоопределување) на косовскиот премиер и нејзин лидер Албин Курти, престојуваа во Тетово, во знак на поддршка на албанската опозициска коалиција ‘Вреди’.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.
„Заедно ги информиравме граѓаните за ‘Планот 2030 Вреди’. Разговаравме и за сферите, во кои собранијата на двете републики можат да соработуваат во иднина, но и за друга соработка, која е во интерес на граѓаните на Косово и * Македонија. Им се заблагодарив уште еднаш за за безрезервната поддршка, што ни ја даваат за Промената на ‘ВРЕДИ’ да се случи во нашата земја.“ – објави на фејсбук Билал Касами, градоначалникот на Тетово и лидер на Беса, која е членка на „Вреди“.





