Поранешниот претседател на НСДП, Тито Петковски, го обвини поранешниот претседател Бранко Црвенквоски дека молчи за политичките случувања во земјава.



„Мислам дека е неприфатлив молкот на Бранко Црвенковски. Ако ништо друго, имаме закон за претседателот со кој тој финансиски се издржува доживотно, има обезбедување. секретарка…“, изјави во „Слободен печат“ Петковски.

Вели дека Црвенковски веројатно се грижи само за себе, за семејството и за блиските пријатели.