По изјавата на Бујар Османи дека без двојно мнозинство не може да се формира Влада, нудејќи ја ДУИ за иден владин партнер – тврдење или закана што ја вознемири јавноста – реагираше Изет Меџити од коалицијата на опозициските партии на етничките Албанци:



„ВРЕДИ“, кои го кандидираа доктор Арбен Таравари за претседател на овие избори, ќе биде во влада на две мнозинства но без ДУИ, veli Меџити.

„Мнозинството Албанци на овие избори го претставува коалицијата „Вреди“, а не мултиетничката коалиција „Европски фронт“. Затоа, не манипулирајте со мислењето, и уште поважно, не заканувајте се, бидејќи заканата не е јазик на европските политичари.

…Следната реформска влада со целосен 4-годишен мандат ќе биде стабилна со над 70 пратеници, мнозинство бадинтер, без ДУИ и без Левица“ напиша Меџити на Фејсбук.