Во својата најнова политичка операција која треба да ја спаси од опозиција ДУИ практично бара нов ,,Рамковен договор” за да може да блокира избор на влада на ВМРО-ДПМНЕ.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи кој беше кандидат за претседател на коалицијата „Европски фронт“ на ДУИ изјави дека не може да има Влада без двојно мнозинство, што значи парламентарна коалиција од 61 пратеник плус Бадентеровото правило.
Османи за оваа теза се повикува на Охридскиот рамковен договор во кој нема такво правило.
ДУИ со ова барање де факто бара нов Рамковен договор затоа што со стариот кој е инкорпориран во уставот нема такво правило.
Правилото на Бадентер предвидува двојно мнозинство кое е прифатено од најмалку половина од пратениците на етничките заедници само за законите каде што се заштитуваат културни права.
Во пракса ова правило е проширено на педесетина закони но во Уставот во кој е инкорпоран Бадинтер никаде не пишува дека важи за формирање на влада.
,,Епа изгледа треба пак да нацртам. Еве ви кажувам без ДУИ нема Бадентер, а без Бадентер нема функционална Влада”, со тон на закана изјави Османи на денешната прес конференција.
,,Европскиот фронт беше и останува најстабилната опција која ја придвижува евроатлантската ориентација на Македонија како единствена патека што води кон безбедна иднина”, рече денеска Османи на прес-конференција.
Тој обвини дека наспроти ВМРО-ДПМНЕ и нејзините сојузници кои секојдневно рециклираат националистички тези, флертуваат со проруски интереси и зголемуваат тензиите меѓу етничките и верските заедници во земјата, Европскиот Фронт е тој кој гарантира стабилност и соживот, обединувајќи ги сите заедници во мисијата за подобар и побогат живот во ЕУ.
Лидерот на СДСМ несакајќи му удри ,,нож в грб” на политичкиот сојузник
Неискусниот Ковачевски се обиде да го нападне Мицкоски но го ,,закопа” Ахмети






