Флеш моб со над 500 танчари на плоштадот Македонија (ВИДЕО)

По повод светскиот ден на танцот клубовите Брејк А Лег, Аква и Ит Д Бит го снимија флеш мобот на плоштадот Македонија во Скопје, во присуство на над 500 танчери, повеќе од 1000 родители и голем број на случајни минувачи.



Видеото има за цел да го најави престојното светско првенство во хип хоп и стрит денес кое ќе се одржи во октомври оваа година, во спортската сала Борис Трајковски во Скопје, Македонија, каде ќе учествуваат над 4000 напреварувачи од 35 земји.

Само како императив видеото за неполни два дена има повеќе од 100,000 прегледи, што го покажува големиот интерес за престојното напреварување.