Првоосомничениот за убиствата на Панче Жежовски и Вања нЃорчевска тврди дека барал брза екстрадиција од Турција но дека министерот Кренар Лога не сторил ништо за да го овозможи тоа.
Ова Љупчо Палевски го тврди во писмо што тој лично го напишал а на Фејсбук го објави неговата партија „Десна.
Според Палевски причина за тоа биле „пресметките на коалициските партнери за изборите“ кои ја одложиле екстрадицијата.
„Уште од првиот ден на моето апсење во Турција, 5 декември 2023, од суот во Баликесир барав веднаш да бидам екстрадиран во Македонија и од 17 јануари 2024 година турските власти чекаа на македонските правосудни органи за да почне процедурата за мојата екстрадиција“, се вели во писмото во кое се вели:
„Министре, Кренар Лога!
Морам овака на лист од тетратка и лично да и се обратам како на политичар кој директно е одговорен за оваа катострофално дело, со зла намера водење на оваа правна постапка со име ЕКСТРАДИЦИЈА!
На писмото од мојата партија „ДЕСНА“ сте одговориле формално, не целосно, како да не сте информирани за Вашите Законски обврски. Тоа е причината за ова лично обраќање како на Министер за правда, кој е задолжен со Закон, а НЕ партија и желба, конкретно за оваа екстрадидиција од типот „ON CONSENT“, со моја воља, без противење и жалби кои произлегуваат од меѓународното право, како мое право!
Во Судот ми беше потврдено дека постапката трае максимално 40 дена, ЛИЧНО, од Судијата кој го водеше процесот.
Сè ова се Ваши обврски, од меѓународното право и билатерални договори со Р.Турција“ пишува Палевски.
Според Министерството за правда, пак, Македонија на 7 декември 2023 година до Турција испратила барање за екстрадиција на Палевски.
Вчера министерот Кренар Лога на својот фејсбук-профил објави дека Македонија добила известување од Турција дека дале позитивен одговор на барањето на македонските власти за екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо.
Љупчо Палевски Палчо во Македонија е осомничен за двојно убиство, на 14-годишното девојче Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски.






