„Кога кажав дека нема употребувам ‘северна’ не мислев дека ќе ги тргнам таблите пред институциите и пред меѓународните конференции или во билатералните средби итн“ реплиицираше кандидатката за претседател Гордана Силјановска на обнинувањата на противкандидатот Стево Пендаровски дека не смее да го употребува името во приватно својство бидејќи со тоа создава конфузија..



„Далеку од тоа. Јас говорам за себе, рече Силјановска..

Правото на самоопределување е и лично право и никој не може да ви нареди да употребувате нешто што не ви го прифаќа умот и срцето. Ќе го почитувам, но нема да го употребувам Северна, ќе употребувам Македонија и никогаш нема да создадам конфузија бидејќи нема да треба да правам дистинкција меѓу Република јужна Македонија. Таква нема.

Значи, кога ќе зборувам, јас ќе си зборувам Македонија, македонски, македонско – Македонија нека стои пред мене…меѓутоа јас кажувам за мене, тоа прашање нема да биде никогаш затворено“, рече Силјановска Давкова во синоќешната дебата на ТВ Телма.