Најавите за бојкот на вториот круг од претседателските избори не се во духот на парламентарната демократија, изјав кандидатката за претседателка Гордана Силјановска Давкова за време на дуелот на ТВ21 со актуелниотѕ пшретседател и кандидат за уште еден мандат Стево Пендаровски.



„Тоа ќе биде уште еден антиевропски чекор бидејќи Венецијанската комисија и ОБСЕ/ОДИХР во најмалку четири мислења велат дека е тотално нелогично во вториот изборен круг да имате цензус од 40 посто бидејќи тоа е системот на балотажа, кога одат двајца, а еден треба да биде избран со релативно мнозинство“, рече Силјановска Давкова.