Ахмети до Давкова: Јас и борците на УЧК бевме борци на слободата, а не платеници и дезертери! – Да внимава што зборува!

„Во врска со изјавата на претседателскиот кандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова дека ќе има меѓународен трибунал за војната во 2001 година, лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека, според неа ОВК треба да одговара затоа што ја добила слободата. Ахмети додаде дека тие биле борци на слободата, а не платеници и дезертери. Ахмети посочи дека треба да се биде внимателен со изјавите, кои гребат врз старите рани.“ – објави ТВ 21 во својата информација со наслов „Али Ахмети ѝ одговори на Силјановска: Бев борец на на слободата, а не платеник и дезертер“.



ТВ 21 ја наведува изјавата на Ахмети, дадена во овој контекст: „Минатото е болно, тоа не треба да се заборави, но не треба да ни се повторува. Секој треба да биде внимателен на таквите изјави. Тоа е настан, војна што се случи  и која трае 25 години… Според кандидатот за претседател и како професор по меѓународно право, УЧК мора да одговара, бидејќи ја здобила војната, зашто борците на УЧК беа борци на слободата, а не беа платеници и дезертери.“ – рече Али Ахмети.