Мицкоски на средба со Комората на Северозападна Македонија: Заедно со бизнис заедницата Македонија ќе биде подобра

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска имаше средба во Стопанската комора на Северо-Западна Македонија.



– Навистина еден квалитетен состанок. Состанок на кој што можевме да разговараме за економската програма која што е составен дел на Платформата 1198. Дел од проектите и предлозите кои што ги имаше Стопанската комора се содржани во самата програма Платформа 1198 бидејќи како што кажа претседателот на Комората, ова не е прв состанок, имавме неколку состаноци претходно, и тимови од ВМРО-ДПМНЕ има состаноци со претставници на Комората. Мислам дека сето она кое што е реално, кое што можеме да го оствариме ние го опфативме во самата предизборна програма и цениме дека тоа во најголема мера ќе биде одговор на реалните потреби на бизнис заедницата – истакна Мицкоски.