Ахмети провоцира: Мицкоски не може да се мери со мене! ДУИ го реши проблемот со Грција, сега го решава и со Бугарија!

„Мицкоски не може да се мери со мене! Демократската унија за интеграција го реши проблемот со Грција, директно придонесе за неговото решавање и како резултат на тоа Македонија стана членка на Грција. ДУИ сега придонесува да се реши проблемот и со Бугарија.“ – изјави лидерот на ДУИ и на „Европскиот фронт“ Али Ахмети. Ова го јави весникот на албански јазик „Лајм“.



„Лајм“ ја пренесува изјавата на Ахмети, кој во овој контекст, покрај другото, нагласи: „Нашата иднина е нула проблеми со соседите, нашата иднина е во ЕУ. На референдумот на 8 мај граѓаните ќе се определат за две филозофии, кои ги имаме сега: интегрирањето, или изолирањето.“