Голем успех на македонските танчери на “Dalmatian Dance Cup 2024” во Сплит

Голем успех на македонскиот танцов клуб Брејк А Лег на меѓународниот танц натпревар “Dalmatian Dance Cup 2024” кој се одржа викендов во Сплит, Хрватска.
Нашите представници се натпреваруваа во категоријата ХипХоп соло јуниори, каде во конкуренција на танчери од 5 земји нашите натпреварувачи освоија 1во (Мила Србиноска) , 2ро (Ангела Казанџиска) и 4то место (Магдалена Ѓоргијовска).
Клубот активно се подготвува за престојните напреварувања: Државното првенство на 9 Јуни во Штип, Европското првенство 23-27 Јуни во Полска, како и Светското првенство кое за прв пат ќе се организира и одржи оваа година во Македонија, во периодот од 09 до 17 Окормври 2024 во Скопје.