Ахмети барал да не се повтори 2006-та, кога наместо ДУИ во власта влезе ДПА. Значи веќе плаче за влез во идна владејачка коалиција, коментира на Фејсбук новинарот Ивор Мицковски на изјавата на лидерот на ДУИ кој сега сѝе сети, а се чини и ќе инсистира на договорот „победник со победник“ кој интегративците не го испочитуваа пред 7 години кога го изиграа победничката ВМРО-ДПМНЕ.
„Ама не може тоа така дечки“ – вели Мицковски.
„Грешката што не смее да се повтори е онаа од 2008-ма, кога ДУИ и ВМРО владееја режимски и криминално речиси 10 години.
Потоа, не смее да се повтори грешката од 2017-та кога по падот на ВМРО, ДУИ владееше со малцинска македонска партија уште 7 години, уште покриминално од претходно, затоа што не плати за своето режимско и криминално владеење.
Нема повеќе никакви етнички логики и оправдувања зошто некој би требало да владее.
Треба да завладее правна држава и правна логика, дека докажаните криминалци, макар и победници во своето етничко трло, паѓаат од власт и заминуваат во опозиција, па после ќе видиме како ќе поминат.
Не може една партија, притоа врвно криминална, да се легитимира преку избори кои притоа ги добива и токму поради криминалот и клиентелизмот, и после на етничка карта вечно да претендира да владее.
Особено што бројките не се на нејзина страна.
Поголем режим од тоа нема“, пишува во објава на Фејсбук Мицковски.






