Денеска започна пролетниот распуст за основците и средношколците, кој за прв пат беше воведен оваа учебна година, а ќе трае до 06.05.2024 година.
Училиштата нема да работат и на 8 мај (среда) поради вториот круг од претседателските и парламентарните избори во 2024 година.
Претходниот ден, вторник 7 мај, училиштата во кои ќе се организира гласање ќе имаат скратена настава до 11 часот.
Учебната 2023/2024 година ќе заврши на 17 јуни за основците, додека за средношколците, како и изминатите години, на 10 јуни.
Министерството за образование и наука одлучи наставата во неработните денови поради изборите да се „одработи“ во работни денови со подолг број часови…
Скопските ученици мора да ги надополнат пропуштените часови на 30 ноември 2023 година, кога во главниот град се организираше Министерскиот совет на ОБСЕ.





