Подиум за Стефановски во Австрија на стартот од Европскиот ридско-брзински шампионат на ФИА

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе избори пласман на победничкиот пиедестал на отворањето на сезоната во Европскиот ридско-брзински шампионат на ФИА во Австрија, каде што го освои третото место во групата 1.



Трикратниот европски шампион во групата 3 со своето „ферари 488 челенџ ево“ патеката во Рехберг ја извози за вкупно време од 4:04,213 минути во двете трки. Подобри од него беа само домашниот натпреварувач Карл Шагерл со „фолксваген голф рели“, кој победи со 3:48,417 мин., пред Рони Брачи од Чешка со „мицубиши лансер ево 7 РС“ и со вкупно време 3:55,487 мин.

Стефановски сезонава се натпреварува со возило вредно 350 илјади евра, со осумцилиндричен мотор со зафатнина од 3,9 литри и околу 700 коњски сили.

Следен предизвик за него и македонскиот тим што го поддржува е трката во Субида ал Фито, Шпанија.