„Реалноста е дека Албин Курти е премиер на Косово и тој би требало да се занимава повеќе со нашите прашања, со Косово, бидејќи Албанците во Македонија си имаат свои раководители.“ – изјави за ТВ Арберија Шаќир Тотај, градоначалникот на косовскиот град Призрен,. Ова го пренесе информативниот портал „Инфошќип“ во веста под наслов „Повеќе зборуваше за Албанците во Македонија, отколку за предизвиците на Косово: Тотај раскажува детали за средбата со Курти“.
„Инфошќип“ дополнува: Тотај кажа дека 70 отсто од времето, колку што траела средбата, Албин Курти зборувал за правата на Албанците од Македонија, повеќе отколку за проблемите и предизвиците со Косово.





