Хамас објави видео како доказ дека двајца заложници, приведени на 7 октомври, се сè уште живи.
Омри Миран, еден од заложниците, вели дека е во заробеништво 202 дена, а другиот – Кит Сигел – го споменува празникот Пасха, што треба да укаже дека снимките се направени неодамна, пишува Би-би-си.
„Ситуацијата овде е непријатна, тешка и има многу бомби“, вели Миран на видеото.
И двајцата ја повикуваат израелската влада да преговара за прекин на огнот со Хамас и да ги ослободи заложниците.
Нивните семејства го направија истото по објавувањето на видеото.
Сигел е американски државјанин, а со него била киднапирана и неговата сопруга Авива, која беше ослободена од заробеништво во ноември.






