Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека СДСМ и ДУИ се подготвени на се’ за да ги задржат фотелјите и привилегиите и открива, според него, две можни сценарија кои се готват во пресрет на вториот круг претседателски и за парлементарните избори на 8 мај.



„Првото е тивкиот бојкот за претседателските избори кое го заговараат. Додека се удираат во гради дека ќе згазеле во вториот круг, всушност тие сакаат да одработуват на тивок бојкот и спласнување на атмосферата на изборите.

Второто сценарио е она на Ковачвски кој ја дал најдарежливата понуда до Али Ахмети. Ахмети има добиено бел лист на хартија од Ковачевски на кој само треба да ги напише институциите и министерствата кои сака да ги добие“, кажа Христијан Мицкоски на митинг пред граѓаните на Кочани.

Тој порача дека на ова граѓаните можат да се спротивстават со масовна излезност на изборите  и масовна и недвосмилена поддршка за ВМРО-ДПМНЕ која е единствената сила за промени.