Дарија Андовска, професорка и декан на Факултетот за музичка уметност во Скопје, ги коментира најавите од СДСМ дека во преостанатите две седмици предизборна кампања ќе ги коригирале грешките што ги доведоа до дебакл во првиот круг од претседателските избори.
„Овие две недели ќе биле меѓу народот,
за да ги чуеле забелешките и критиките,
па ќе се коригирале.
Овие две недели?!
Па, ви скапавме по улици 7 години,
ама ние сме биле небањати, беззаби, безвредни,
врескачи, хистерични, така?
Украдовте и продадовте сè можно и неможно.
Насилно сменивте име на државата, против волјата на мнозинството,
насилно ни менувате историја,
луѓе живи ви гореа,
лечиме деца преку СМС,
нè направивте затвореници во сопствената држава,
сега ќе сте слушале критики?!
Време е да одговарате.
Вашето место е зад решетки.
Таму ќе ве коригираат“, им порача Андовска на „државотворците“.






