Пендаровски: Бројот 1 е изборот за успех на државата, се друго е рецепт за продолжена агонија

Претседателот Стево Пендаровски, кандидатот за претседател на владејачкиот СДСМ во рамки на кампањата пред вториот круг од претседателските избори вечерва имаше средба со граѓани на Охрид, пред кои зборуваше за концептот за кој се залага и ја бара нивната доверба, за европската иднина на земјата, наспроти регресивната политика на опозицијата што, според него, ќе ја однесе земјата во изолација.



“После првиот круг резултатите се тие, според мое скромно убедување, нема основа за малодушност, разочараност, анемичност. За првпат имаше седум кандидати за претседател, од кои само јас бев претендент да добијам гласови од сите етнички заедници. Сите останати претендираа да добијат гласови само од нивната етничка заедница. Оние што отпаднаа имаа вкупно околу 330 илјади гласови. Не велам дека по автоматизам ќе дојдат кај мене, но верувам дека огромна бројка од нив е многу блиска и го поддржува концептот за кој се залагам, рече меѓу другото тој.