На денешната промоција на новите припадници на МВР во центарот за обука на полициски сили во Идризово ечеше песната Бисер Балкански
На свеченоста се обрати и техничкиот премиер Талат Џафери кој зборуваше на албански јазик.
Моментот на денот се случи кога на обраќањето на техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски полициските припадници одговорија со громогласно пеење на песната Бисер Балкански.
За време на официјалниот дел на овој свечен чин присуствуваа и дополнителниот министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев и директорот на Бирото за Јавна Безбедност Сашо Тасевски.
Новите припадници на полициските служби при спуштање на македонското знаме реагираа громогласно по поздравот од министерот Панче Тошковски.
Одговорот до Тошковски беше досега невидена изведба на легендарната песна Бисер Балкански.






