Сајкоски: Референдумски да гласаме на 8.5 за уште поголема победа и за просперитетна Влада на ВМРО-ДПМНЕ, која ќе ја носи Македонија напред!

„Денес во Охрид продолживме со нашите активности. Вчера на митинзите наидовме на огромна поддршка од граѓаните. Останаа уште неколку денови. Ве повикуваме, приклучете се, за да да донесеме уште поголема победа во вториот круг.“ порача генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓија Сајковски.



Во своето обраќање кон граѓаните Сајковски нагласи: „Горд сум на тоа што го направивме во првиот круг, што ја дадовте вашата огромна поддршка за нашиот кандидат за претседател Гордана Силјановска Давкова.“

„Ве повикувам и во вториот круг референдумски да излеземе, за да можеме да ја реализираме Платформата 1198, за да може да реализираме многу проекти за регионов и нашава држава, да донесеме подобар економски развој и раст, да донесеме подобро образование и здравство, да донесеме подобар живот за сите. Затоа, на 8 мај излезете сите да се активираме да кажеме НЕ за ова што се случуваше досега и да дадеме шанса за просперитетна Влада, која ќе ја носи Македонија напред.“ – порача генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓија Сајковски, кој е и носител на изборната листа на ВМРО ДПМНЕ во изборната единица 5 на опозициската партија, каде спаѓа и Општина Битола.