„Гарантираме дека албанската опозициска коалиција Вреди во идната Влада ќе ги спроведе уставните промени.“ – изјави денеска Билал Касами, лидерот на Беса, која е членка на коалицијата Вреди. Ова го објави информативниот портал на албански јазик Телеграфи.
Телеграфи пишува: Лидерот на Движењето Беса денес изјави дека коалицијата Вреди ќе биде дел на новата Влада, која ќе ја осигури европската иднина. „Ќе има европска Влада. Ќе има Влада, за која веќе е најавено дека дел од неа ќе биде и коалицијата Вреди. Во таа Влада ќе го гарантираме европското патување на земјата и унапредувањето на правата на Албанците.“ – рече Касами при посетата на селото Нераште во општина Теарце, во Тетовско.
Касами нагласи дека Владата, во која ќе се најде и коалицијата Вреди, сигурно ќе биде Влада, која ќе ја гарантира интеграцијата на земјата во ЕУ. „Во една таква Влада, било да биде ВМРО ДПМНЕ во неа, или која било друга партија, ќе биде полесно да се спроведат уставните промени.“ – посочи Билал Касами, одговарајќи на новинарско прашање. Тој додаде дека албанската опозициска коалиција Вреди ќе биде гарант за уставните промени.





