Андреј Петров, член на Извршен одбор на СДСМ во гостување на ТВ Клан, истакна дека по поразот на нивниот кандидат, Стево Пендаровски, на првиот круг претседателски избори пораката дека народот сака промени е сфатена.



Анализирајќи ги изборните резултати од 24 април, Петров вели дека не може да се пресликаат претседателските во парламентарните избори.

,,Едните се избори според мнозинскиот, а другите според пропорционалниот модел.

Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи добар резултат. Во вториот круг ќе го дадеме целиот капацитет, затоа што Македонија заслужува да избере претседател.

Граѓаните не ги препознаа нашите политики и затоа не казнија, но ние ќе се бориме за секој глас, не се предаваме. Вие и да упатите порака тоа не значи дека ќе ја почитуваат.

Најдемократски и најлегитимно е луѓето сами да одлучат за кој ќе го дадат граѓаните својот глас”, рече Петров.

„Ќе се бориме за секој глас кој ќе можеме да го добиеме, спремни сме за опозиција и спремни сме да дадеме поддршка за сите позитивни работи“, рече Петров.