И покрај целосниот дебакл, луѓето од СДСМ и понатаму упорно тврдат дека носеле добри и храбри одлуки, по цена и на нивниот рејтинг.
„Ако одлуките што ги носеле навистина биле добри (макар што храброто не е исто што и доброто), тогаш зошто нивните одлуки толку драстично го намалиле нивниот рејтинг“? – прашува во објава на Фејсбук професорот Љубомир Цуцуловски и додава:
„Сепак, и понатаму тврдат дека носеле добри одлуки, неводејќи сметка дека упорноста е пожелна одлика сѐ додека не премине во твроглавост.
Да се инаетите со народот (макар, за некого, било и храбро) е самоубиствена политика. Барем толку можат да разберат, без да се инаетат“.






