Порачува ли Таравари преку „својата мисија во Владата“ дека со „Вреди“ се определени да ја формираат со ВМРО ДПМНЕ по преговарањата?

„Арбен Таравари реагираше кон Артан Груби од ДУИ, кој во текот на вчерашниот ден беше виден кога држи лекови во рацете, како порака за опозициската коалиција ‘Вреди’. Таравари вели дека тој е лекар и оти тој има право да дава лекови, дека знае како да ги дава. Таравари нагласува дека гласот на граѓаните претставува мисија за него во новата Влада.“објави ТВ 21. Споменувајќи ја својата „мисија во новата Влада“, дали Таравари, бездруго и во име на албанската опозициска коалиција „Вреди“, порачува дека е веќе определен да се прифати предлогот на ВМРО ДПМНЕ и неговиот лидер Мицкоски за заедничко формирање на новата Влада на Македонија, но за што би требале да уследат соодветни преговори и договарања?



ТВ 21 ја пренесува објавата на Арбен Таравари на општествената мрежа: „На секој човек, која ја заокружи бројката 6 во првиот изборен круг, давајќи го својот глас за мене, му поддавам рака и ветувам дека вашиот глас е Мисија за мене во новата Влада! Ова ќе биде време на понуди, предлози и договори, но ви ветувам дека ништо и никој нема да ме оддели од вас! На парламентарните избори ние ќе го запечатиме уште посилно нашиот идентитет како апсолутен победник!

Уште нешто: некаков си функционер на ДУИ вчера делел лекови без рецепт на лекар… Осми мај е многу блиску и наскоро некому можеби и навистина ќе му затребаат таблети… Јас сум лекар, јас знам да давам лекови и јас имам право да давам лекови!“ – напиша Таравари во својата објава.