Не знаела само Rock & Roll, Силјановска играше оро со Алачки и ,,Владо Тасевски” на Везилка (ВИДЕО)

Победничката од првиот круг на претседателските избори Гордана Силјановска Давкова заигра оро пред интервју за емисијата ,,Заспиј ако можеш” на ТВ Алфа со Горан Момироски и Драган Милосављевиќ.



Пред емисијата Силјановска која е позната по тоа што е љубител на играње Rock & Roll била поканета да се фотографира со членовите на КУД ,,Владо Тасевски” кои биле дел од снимање на емисијата Везилка во големото студио на Алфа ТВ.

По заедничката фотографија Силјановска која била пречекана со аплауз од сите присутни спонтано заигра оро со водителката Адријана Алачки и гостите на Везилка од КУД Владо Тасевски.

Орото се игра на песната Бисер Балкански која ја пее популарниот Дарко Билбиловски.