„Целосно е нереално да се каже дека разликата помеѓу Силјановска-Давкова ќе биде 100.000 гласови“, тврдеше вицепртемиерот Бојан Маричиќ во гостување на ТВ21 пред – еден месец кој тогаш предвиде „тесна трка“ но дека ќе победи актуелниот претседател.



„Ќе имаме избор меѓу два кандидати Силјановска и Пендаровски, и затоа што тогаш треба да е определат сите граѓани и сите политички партии, дали се за еден кандидат како Пендаровски кој има јасна политика, наспротив Силјановска која нема одговор на ниту едно прашање, и може само да биде реприза на Ѓорѓе Иванов.

Очекувам тесна трка во која на крајот Пендаровски ќе победи“, рече Маричиќ.