Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на албанската опозициска Партија на слободата, Илир Мета, „воодушевен е од вчерашниот изборен резултат на ВМРО ДПМНЕ”.
– Вчерашниот резултат во Македонија јасно покажа дека нивното враќање ќе му даде друга уште повисока димензија, на тој модел, кој и ние треба да го следиме прилагодувајќи го на нашите услови – оценил Мета, јави албанската АБЦ њуз.
Мета изразува убедување дека победата на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска-Давкова, ќе биде уште поголема во вториот круг на 8 мај.
Илир Мета, кој подготвува реформирање на неговата партија, вели дека, по примерот на случувањата во Македонија, треба да се организира и Демократската партија на Албанија за возобновување, и да биде алтернатива на изборите во 2025 година, пренесува албанската телевизија.
– Промените ќе бидат многу брзи, промената ќе биде многу силна. Промената што се случи вчера во Македонија и која ќе биде уште поконкретна по наредните две недели, е јасна порака од народите од нашиот регион дека не прифаќаат депопулација и дефакторизација за мафијашки цели на кој било во светот – истакнал поранешниот албански претседател






