Заменикот-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби на синоќешната прослава на ДУИ на плоштадот „Скендербег“ во Скопје за „победата“ на нивниот претседателски кандидат Бујар Османи потсети на времето кога беше фудбалски хулиган пред да стане политичар.
Веднаш по давањето изјава за медиумите, кадарот на ДУИ се заврте кон толпата и почна да скандира „УЧК, УЧК“, албанска кратенка за паравојската што ја нападна Македонија во 2001 година, чии припадници тогашниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, ги нарече „криминалци, терористи и ладнокрвни убијци“, а која уби 78 македонски бранители и 10 цивили.






