Меџити со одговор за куферот на Груби: Ќе падне режимот на Ахмети, Груби, Османи! – Сѐ оди по план, следната фаза е на 8.5!

„Се оди според планот, влегуваме во следната фаза од стратегијата, која ќе ја донесе конечната победа на 8 мај! Ќе падне режимот на Ахмети, Груби, Османи! Одиме до крај!“ – објави на својот фејсбук-профил Изет Меџити, лидерот на Демократското движење, во име на севкупната албанска опозиција „Вреди“. Со тоа Меџити му одговори на Груби од ДУИ, кој денес им подготви куфер на Меџити и неговите колеги – опозиционери со порака да си дадат оставки и да си одат дома.



Во објавата Изет Меџити дополни: Изразувам длабока благодарност до сите оние кои гласаа за Арбен Таравари и тоа ѝ даде неоспорна поддршка на коалицијата ‘Вреди’ како единствен легитимен претставник на Албанците!