Доколку кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, победи на (претседателските -н.з) избори, сосема е можно бугарско-македонските односи да се влошат.



Но, „ајде да ги видиме изборите на 8 мај“ имајки предвид дека големата албанска опозиција поддржува промени на Уставот зџа вклување на Бугарите во него, како и дека е за прееговори со ЕУ, вели доцент Наум Кајчев, пренесува бугарски „24 Часа

„Очекувано беше опозицијата да има водство, но не толку“, коментира денеска во утринска телевизиска емисија во Бугарија, заменик претседателот на заедничката историска комисија меѓу Бугарија и Македонија“, вели тој

Според него граѓаните гласале од опозиција, во знак на протест поради економската состојба во државата“.

„Вториот фактор на успехот на опозицијата е пропагандната реторика против ЕУ и против Бугарија“ оценува Кајчев.

Според вонредниот професор, пресврт не е невозможен, но малку е веројатно: „Во 1999 година опозицијата водеше со големо водство, но тогаш Борис Трајковски ја премости разликата, но сега тоа е помалку веројатно“.

Кајчев ја поддржува албанската опозиција и нејзиниот резултат, бидејќи тоа ќе значи декја ќе се „реализираат измените во уставот со вклучување на Бугарите во него, како и продолжување на преговорите со ЕУ“.