„Артан Груби од ДУИ денеска на прес-конференцијата пред општина Чаир се појави со куфер. Тој рече дека куферот е за албанската опозиција, од која побара да дадат оставки.“ – објави ТВ 21.
ТВ 21 пишува: „Сега земете го куферот и одете дома. Толку е мал куферот, оти работата им е мала, но нека си го одржат зборот еднаш во животот и нека си дадат оставка, како што кажаа. Нека станат мажи, нека си го одржат зборот, нека го земат овој куфер. Ние им оставаме бакшиш и нека си одат дома.“ -рече Груби.





