По вчерашните претседателски избори на кои актуелниот претседател и кандидат за уште еден мендат освои 180.306 гласови (99,85% преброени), партијата за прв пат во историјата освои помалку од 200 илјади гласови на претседателски избори, но и на парламентарни избори
Најслаб резултат на СДСМ е забележан во првиот круг од претседателските избори 2009 година, кога тогашниот кандидат на социјалдемократите Љубомир Фрчкоски освои 202.691 глас.
Како најголем успех резултатот од изборите во 2004 година, кога Бранко Црвенковски освои 385 илјади гласови, потсетува порталот СакамДаКажам






