Кандидатот за претседател на Европскиот фронт, Бујар Османи, по гласањето, изјави дека верува во голема победа.
Кандидатот на коалицијата предводена од ДУИ повика на слободни, фер и демократски избори.
„Мислам дека овие избори не се обични, тие се одлучувачки за иднината на нашата земја, бидејќи државата е на крстопат, пред нас се две опции и граѓаните мора да одлучат за една од овие опции, интеграција или изолација…
Верувам во големата европска победана овие одлучувачки избори за иднината на државата“, рече Османи. InfoShkip





