Home Популарно Бугарски медиуми „штанцаат“ написи за „обесправените Бугари“ во Македонија

Бугарски медиуми „штанцаат“ написи за „обесправените Бугари“ во Македонија

Во пресрет на денешните претседателски двојните избори во Македонија на 8ми мај, расте нервозата кај официјална Софија и дел од тамошните медиуми кои публикуваат манипулативни написи за – нивната болка: Правата на Бугарите во Македонија.

Бугарскиот портал Faktor.bg објавува тешка лага дека во последниот извештај на Американскиот Стејт департмент за Македонија за 2023 год во кој се вели:



„Стејт департментот го попари Скопје: во Република Македонија има систематско насилство врз Бугарите“ па продолжуваат со сочна лага за наводен цитат од овој извештај во кој велат:
„Во Република Македонија има систематско расно и етничко насилство и дискриминација врз Бугарите“, пренесе Канал 5