„Еден од високите експоненти на ДУИ во Тетово му испрати писмо на лидерот на ДУИ Али Ахмети, во кое му нагласува дека дека се оградува од сите партиски активности. Причина за тоа, како што се наведува во писмото, со кое веќе се располага како документ, е формирањето на Европскиот фронт. Тој фронт е пропадната работа, се наведува во писмото. Извори од партијата најавуваат дека ова е само еден од десетици други функционери, кои досега му испратиле писмо на првиот човек на ДУИ Али Ахмети, укажувајќи му дека не се согласуваат со неговата идеја за формирање „Европски фронт“ со, како што напишале во писмото, ‘Партии на поединци’. Еден од клучните функционери Хазби Лика, познат како командант Чела денеска и официјално ја напушти ДУИ. Во објавата објавена на Фејсбук се подразбираше дека Лика се координира за победата на албанската опозициска коалиција ‘Вреди’.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Инфошќип“ во својата информација со наслов „По Хазби Лика, од ДУИ бегаат и други функционери. Али Ахмети примил писмо од функционери, кои се оградуваат од неговите одлуки (ДОКУМЕНТ)“.
„Инфошќип“ натаму пишува: „Сметам дека по неуспехот на конституирањето на „Големиот фронт за Европа“ прогласен претходно, сегашните коалиции со други мали партии како што се ‘партиите на поединци’, како и со партиите на етничките малцинства, можеби и може да се оправдаат со идејата за формирање ‘Европски фронт’, заради покажување на коалицискиот капацитет на ДУИ кон партиите на малцинствата. Но, коалицирањето со една партија со истечен рок на употреба, која одамна вегетира на политичката сцена во состојба на агонија и која ја води крајно деструктивно, рецидивист и меѓународно санкционирано лице, не само што е погрешно туку е и крајно компромитирачко.“ – се вели во писмото испратено од членот на Генералниот совет на ДУИ, кој побара од нас да остане анонимен.
Тој вели дека не се согласува ДУИ да коалицира со партии, кои се партии на поединци, и оти не се согласува ниту со вклучувањето во листи на претседатели на партии, кои се осудени од меѓународните институции.
„Затоа, како член на Генералниот совет на Демократската унија за интеграција, како што беше кажав претходно, изјавувам дека сум категорично против оваа коалиција. Свесен сум дека овој мој став ќе биде спротивен на одлуката на мнозинството и затоа нема да промени ништо, меѓутоа, чувствувам како морална обврска дека треба да го изнесам, поради моите отворено искажани позиции во однос на оваа апсурдна и компромитирачка коалиција. Се оградувам од оваа одлука на претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети.“ – се наведува во писмото што до раководството на ДУИ го испратил членот на Генералниот совет на партијата, кој континуирано извршувал партиски функции.





