„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 8 до 19 часот.
Граѓаните на Скопје ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици на територијата на градот.






