Дел од осудените за „27 април“ јавно ѝ порачаа на обвинителката Вилма Русковска дека доаѓа денот, алудирајќи на денот кога ќе одговара за својата работа. Ова следи откако вчера Бојан Јовановски-Боки 13 во подкастот кај Лазаров читаше пораки за кои посочи дека се меѓу него и Русковска.
На страницата „Слобода за Јане Ченто“ осамна порака.
„Тек допрва ќе треба да одговараш за местенките, за криењето записници, криењето докази кои се во наша корист, искривување на факти, менаџирањето на процесот….и многу други работи за предметот 27ми Април“, стои во објавата.
https://www.facebook.com/slobodazacentojane/posts/956755286455663?ref=embed_post
Игор Дурловски, кој доби ослободителна пресуда, напиша: Е ова е “Вистината за Македонија”, алудирајќи на бомбите на Заев.
https://www.facebook.com/igor.durlovski/posts/8057300030955170?ref=embed_post
Реагираше и адвокатот Драган Пешевски.
„Ете го новиот доказ потребен за повторување на постапката за 27ми Април, кај Стефан Лазаров у емисија – лајв. Нема кој само да им ги врати годините излежани на лугево, а за све што ке ви следи пошто Господ сте си играле ич не ве жалам!!!“, напиша Пешевски.
https://www.facebook.com/Stariiii/posts/10232076067905712?ref=embed_post
Остра реакција и од адвокатот Воислав Димоски.
„Никој не е изненаден од околноста дека обвинителката (која е нели, странка на постапката!) ги знаела пресудите за „27-ми април“ пред судијката јавно да ги изрече. Никој не се изненади ни кога таа судијка стана судија и претседател на Уставниот суд, а начинот на кој го спроведе судењето се предава на универзитети ширум светот како пример за кршење на правото на одбрана. Никому не му е чудно што обвинител кој на дневна основа лиферувал информации до Боки 13 за обвинителски предмети напредувал до обвинител во Републичкото Обвинителство, откако претходно под закрила на Началникот стигнал до одделението за организиран криминал. Напредувањето во кариерата било очекувано бидејќи луѓе кажуваат дека го виделе како се гушка со тогаш новиот премиер. Место на гушкање: охридски хотел за чии диво изградени делови пак, друга обвинителка ќе го заташка предметот и ќе биде наградена со напредување во кариерата. Очекувано! Дури не се прекине синџирот на негување на правосудни функционери кои се слуги на сите господари, нема што да зборуваме за реформи во правосудството! Правдата треба да се врати во рацете на праведните!“, напиша Димоски.
https://www.facebook.com/vojo.dimoski/posts/10230315230256154?ref=embed_post






