„За жал во преговорите за името се вклучија сите во владата во обид да приграбат парче од славата ако се реши името. Сите што даваат изјави освен министерот (Никола) Димитров се тотални аматери и за прашањето за името и за дипломатијата како занает и навистина не знам зошто приматот на Димитров, кој беше и преговарач, го преземаат премиерот, Али Ахмети, Бујар Османи или Артан Груби.
Партиската пропаганда не смее да биде дел од овој пресериозен процес“, вели новинарот Горан Момироски, кој со децении го следи проблемот со името во интервју за „Фактор“..
Тој смета дека се прави план граѓаните да не бидат прашани што мислат за менување на името, но има неколку работи што секој од тие што одлучува за името мора да ги има предвид:
Постојат шанси да преживеат политички доколку го променат името за меѓународна употреба, и тоа во одредени организации каде што Грција има право на вето, во ЕУ и НАТО.
Но, не смеат да потпишат било каков договор за промена на уставот, или промена на името на нацијата и јазикот во соодветните регистри на светската организација и европските институции, вели Момироски..
Се различно од Macedonian за нацијата и јазикот е рамно на национално предавство кое не застарува. Сите што сега решаваат за ова прашање мора да знаат дека кога ќе останат сами без механизмите на власта нема да им помогнат ни Брисел, ни Вашингтон ни Атина ни Софија.
Во интервјуто, Момироски изразува загриженост за состојбите внатре во Македонија.
„Веќе ги научивме финтите на политичарите. Тие патуваат надвор за да не мораат да одговараат дома на тешките прашања за запирање на реформите, за блокдата на Собранието, за задолжувањата. Звучи убаво кога Заев се среќава со колеги но тоа не значи ништо, само да се купи денот во одсуство на напредок во реформата на судството, поефикасна администрација, целосна блокада на агендата 3-6-9, минимални странски инвестиции“ вели новинарот во интервјуто..
Момироски смета дека владата може уште неколку месеци да се крие зад флоскулата „ВМРО – ДПМНЕ уништи се ние сега градиме од нула“ или „Заев е лидер во регионот“, но граѓаните не се луди точно знаат или чувствуваат дека работите не се во ред.
Целото интервју може да го прочитате тука.





