„На 23 април 2024 година во 01.05 часот, полициски службеници од СВР Тетово презеле акција, откако било пријавено во полицијата дека во тетовските села лица во период на предизборен молк лепеле пропаганден материјал за актуелните претседателски избори. Во тетовското село Синичане биле приведени се Р.Р. (19) и еден малолетник, двајцата од истото село, додека лепеле пропагандни материјали за еден претседателски кандидат на претседателските избори.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“.
Во својата вест порталот дополнува: „Со двајцата е извршен службен разговор со Полициската единица во Камењане. За случајот е известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на ова кршење на предизборниот молк.“





