Тетовчанец роден во 1992 година е шеф на Комисијата за верски заедници

Тетовчанецот Дарјан Сотировски е новиот директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи. Тој на денешната владина седница бил избран да раководи со телото кое има обврска да менаџира и да гради поволна клима меѓу црквите, верските заедници и религиозните заедници.



На оваа позиција Сотировски, доаѓа како наследник на Валентина Божиноска, која владата ја разреши во август минатата година.

Сотировски кој е на возраст од 25 години е најмладиот директор досега на Комисијата, која има исклучителна важност  во градењето меѓуетничка кохезија во општеството.

Сотировски е претседателот на локалниот клуб на СДММ – Тетово. Тој е правник и долгогодишен член на СДСМ а бил активен во процесот на денационализација на црковниот недвижен имот во Тетово и тетовско.

Во неговата биографија стои дека по негово залагање веќе неколку години е обновена традицијата да се искажува почит кон ликот и делото на преродбеникот Кирил Пејчиновиќ, игумен на Лешочкиот манастир.