На претседателските избори утре ќе може да гласаат граѓаните на кои по кој било основ – по сила на закон или по рок на важност – им истекле личните документи во периодот од 24 јули 2023 година, односно девет месеци пред утрешниот изборен ден.
Оваа одредба од Изборниот законик е составен дел на Упатството на Државната изборна комисија за начинот на утврдување на идентитетот на гласачите.
Истата одредба ќе се применува и на парламентарните избори со тоа што на нив ќе можат да гласаат граѓаните на кои по кој било основ, по сила на закон или по рок на важност им истекле личните документи во претходните 9 месеци, односно од 8 август 2023 година до 8 мај годинава.
Собранието на 7 март во рамки на 147. седница по скратена постапка без расправа ги изгласа измените и дополнувањата на Изборниот законик.






