„Нема поевропска мисија од испраќањето на ДУИ во опозиција. Без разлика кој со кого ќе формира влада, важно е ДУИ да се пензионира!“ – оваа предизборна порака преку фејсбук им ја испрати Зеќирија Ибрахими, генералниот секретар на Алернатива, на партијата на Али Ахмети и на нивниот „европски претседател“ Бујар Османи. Ставот на Ибрахими го пренесе ТВ 21.
Во објавата на својот фејсбук-профил Ибрахими од Алтернатива, која е членка на албанската опозициска коалиција „Вреди“, уште додава: Не можат да имаат перспектива оваа земја и овој народ се додека ДУИ е во владата.





