Бугарскиот претседател Румен Радев пред дводневната посета на Македонија утре и задутре се заложи во името на западниот бугарски сосед да не биде содржана географска одредница што се однесува на делови од територијата на Бугарија.



„Бугарија секогаш се обидувала да ѝ помогне на Република Македонија и дел од таа помош е да не се однесуваме старателски во тој спор што треба да биде решен со Република Грција. Во тој поглед може да се смета на нас. Но, верувам дека овој спор ќе се реши на таков начин што тоа нема да влијае на интересите на која било од овие три земји. За нас тоа значи во името да нема географски одредници што содржат делови од територијата на Бугарија. Затоа ќе бидеме во контакт со македонските власти за да се најде решение на најдобар можен начин“, изјави Радев во интервју за бугарската новинска агенција БГНЕС.

Ставот на Радев за името на Македонија е идентичен на тој на вицепремиерката и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева искажан пред извесно време.