Претседателот на Движењето БЕСА, Билал Касами, на митингот на коалицијата „ВЛЕН„ оддржан во Цирих, Швајцарија, пред иселениците изјави дека тие се најважниот дел од албанскиот народ и заслужуваат да бидат пречекани со гордост во својата татковина.
„Во Македонија носите повеќе од една милијарда евра годишно. Не заслужувате да ве малтретираат по 7-8 часа на граница со Србија, туку заслужувате да бидете пречекани со цвеќиња”.“, рече Касами.
Тој додаде дека промената што доаѓа, особено со масовата поддршка од дијаспората, не можат да ја спречат оние кои работат за Белград и Вучиќ.
„Вие го знаете познатиот и злочест план на кандидатот на ДУИ во случајот со она што се случи во Косово, во Бањско, каде тој зборуваше со гласот на Белград и гласот на Вучиќ и му покажуваше на Албин Курти како треба да дејствува на својата територија. Доколку ќе го слушаше Бујар Османи, Албин Курти денеска, Северот на Косово би бил анексиран. Но Албин Курти знае кого да го слуша, тој го слуша народот , тој го слуша народот кој го гласа, го слуша народот кој му ја даде мандатата”.
Лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами, изјави дека коалицијата „ВЛЕН„ се обедини за да го спречи злото и да ја гради иднината.
“Денеска се обединивме да им кажеме дека е дојдено нивното време, да ви кажеме дека сега како што се обединети, така треба да одат во опозиција. А тоа ќе се случи со гласање на број 6”, рече Касами.
Касами додаде дека сите знаат дека функционерите на ДУИ и нивните коалициски партнери со пари на граѓаните не градат стадиони, спортски клубови и академии, туку градат лични вили во заливот „Gjirin e Lalzit„ и на секој дел од крајбрежјето.
Home Македонија Касами од Швајцарија: Иселениците носат над 1 милијарда евра во Македонија, треба...





