Кандидатот за уште еден претседателски мандат, на синоќешниот митинг во Струмица „откри тајна“ кој всушност ги поттикнал неговите анбиции да стане шеф на државата.



„Пред околу 11 години имав средба со еден човек, кој ми рече ‘сакам од тебе да направам претседател на Македонија. Тоа е Зоран Заев’“, им откри Пендаровски на струмичани кој раскажа и како одело тоа..

„Влеговме во заедничка битна во 2014 година, но година дена пред тие избори, тој беше сигурен дека ќе станеме еден ден тоа што сме.

Тој премиер, а јас претседател.

И ми рече вака, 2014 е само загревање за да ги добиеме следните избори и 2016 година и со масовна поддршка на македонските граѓани ние го победивме режимот со пенкало“, рече Пендаровски, како што пренесува „Фокус“.