Додека Македонија го чека турското МНР да даде зелено светло за екстрадиција на Љупчо Палевски, официјална Анкара бара испорака на 5 припадници на ФЕТО или т.н. ,ѓуленисти”, објави неофицијално телевизија 24.
Според нашите извори, барањето за испорака на ѓуленистите е пристигнато во Скопје веќе некое време, но дали е услов за екстрадиција на Палевски, првоосомничениот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, засега молк и од турското МНР и од македонското министерство за правда.
Според правилата во Турција, за екстрадиција на Палевски, потпис мора да стави шефот на турската дипломатија Хакан Фидан, а потоа и министерот за правда. Судскиот дел околу екстрадицијата е веќе одамна завршен, но потпис нема, а нема ниту најава кога екстрадицијата ќе се случи.






