Четири случаи на украдени лични податоци за брзи кредити годинава

Оваа година имало неколку пријави за крадење на лични податоци со цел подигање на брзи кредити, пренесува Фактор. Мк. Двајца сторители се пронакдени односно има кривични пријави.
-За случаи на злоупотреба на лични податоци при подигање на брзи кредити, согласно податоците со кои располагаме, Ве информираме дека во периодот јануари-март 2024 година регистрирани се четири кривични дела, од кои три „злоупотреба на лични податоци“ и едно „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. По преземени мерки и активности две од кривичните дела се расветлени и за истите кривично се пријавени двајца сторители“, велат од полицијата за Фактор.



Изминативе години имаше измамници со украдени лични карти кои подигаа брзи кредити. Имаше серија пријави дека затвореници додека биле во затвор, прибавувајќи туѓи лични податоци земале брзи кредити онлајн.
Но, според новиот правичник
финансиските друштва веќе нема да можат да даваат брз кредит онлајн, само со фотографии од лична карта која може да биде украдена или најдена откако некој ја изгубил. Ќе мора да има идентификација на барателот и со негово задолжително физичко присуство, ако сака парите да бидат уплатени директно во некоја продавница. Ако пак барателот ги прима парите на своја жиро сметка, тоа ќе оди со електронска проверка, со строго утврдена процедура со закон.

https://faktor.mk/kradenje-na-lichni-podatoci-za-podiganje-na-brzi-krediti-kolku-prijavi-ima-godinava-vo-policija