Кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова, во интервју во поткастот на Плусинфо вели дека ни треба нов, современ, европски устав со стандардни решенија, унитарна држава која не познава територијални решенија.
„Не велам дека не треба да имаме одредби за заштита на правата на малцинските заедници. Напротив, јас го сметам тоа за добро решение. Тоа е она различното што ќе го додадеме ние во вредностите на ЕУ, вели Силјановска
Но, јас сум за граѓанска држава со почитување на правата на заедниците“.
За нејзините 4 години пратеничко искуство во Собранието вели:
„Моето искуство во парламентот во овие четири години го сметам за драгоцено, тврдам дека повеќе научив таму за „македонската парламентарна демократија“ одошто читајќи многу книги. Убаво велат Британците дека парламентот е школа на демократијата.
Ама јас, кога влегов во парламентов, видов дека големи проблеми имаме со „школава“.
Далеку е тоа од школа на демократија. Но, научив што е она што мора да се смени, што е она што недостасува. Ученичка станав таму, не бев само професорка. И во поглед на процедурата како гаранција за добра одлука, но и во поглед на бизарно нарушената рамнотежа на односи меѓу законодавната и извршната власт. Секаде во светот извршната власт, егзекутивата, доминира, но во нашиот случај тоа е доведено до степен на тотална испревртеност – вели Силјановска Давкова.
Парламентарните избори кај нас ги распишува претседателот на Собранието, а не претседателот на државата.
Такво решение нема никаде… вели Силјановска во поткастот на Плусинфо






